Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ЈАБЛАНИЦА: Повредена e планинарка од Струга

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ЈАБЛАНИЦА: Повредена e планинарка од Струга

Спасувачка акција имаше утрово на планината Јабланица, откако жена од Струга се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб на непристапен терен.

Како што информираат од Црвен крст Охрид, алармот за интервенција го добиле рано наутро, а веднаш се мобилизирани и екипи на Планинската спасителна служба.

„Станува збор за женска особа од Струга која се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб. Поради тешкиот терен и оддалеченоста од најблискиот пристапен пат, ПСС побара воздухопловна асистенција преку Центарот за управување со кризи (ЦУК)“, информираат од Црвениот крст.

Тим од шест члена со теренско возило се упатил пеш кон повредената, во случај да нема можност за интервенција од воздух. Но, само неколку часа подоцна, добиена е потврда дека хеликоптер на МВР е веќе на пат кон планината, во соработка со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица.

Но, полетал хеликоптерот на МВР кој се движи кон местото на настанот. Со тоа, пешачкиот тим се повлекува од теренот“. 

фото МВР

Слично

Поврзани вести