Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Две лица со Мерцедес се заглавиле во снегoт кај Галичица

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Две лица со Мерцедес се заглавиле во снегoт кај Галичица

Две лица со Мерцедес се заглавиле во снегoт кај Галичица. 

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид известува дека во 12:56 часот, од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило Мерцедес на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е забранет за сообраќај.

Од ЦУК, веднаш е информирана Единицата за спасување на планина од Охрид. Во оптимално брзо време беа лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, вклучувајќи го и возилото марка „мерцедес“ .

ЦУК го пренесува кусиот рапорт, од спасителите од Охрид, дека акција е завршена на 14:15 часот, комплетно и успешно.

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот.

Слично

Поврзани вести