СПАСУВАЧИТЕ ЕДВАЈ ГО ИЗВЛЕКОА - еден од учесниците во церемонијата за фаќање на крстот се соочи со тешкотии при излегувањето
Поради надојдените води во реката Вардар, дел од медиумите јавуваат дека денеска еден од пријавените кандидати за фаќање на крстот имал потешкотии да исплива надвор.
- Опасна сцена денеска на Вардар во Скопје - спасувачите едвај го извлекоа скокачот кој учествуваше во фрлањето на светиот крст, бидејќи не можеше да излезе од водата - се посочува во објавите кои се пренесуваат на социјалните мрежи проследени со видео од пливач во реката.
Како што може да се забележи на видеото, голем број луѓе беа присутни на кејот на реката Вардар, а дел од нив, со нетрпение сакаа да видат и дознаат како учесникот на оваа церемонија ќе се извлече од ситуацијата. Видеото е направено од „Прес24.мк“.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
