Спасовски: Заканите кон Заев се од 2015 година
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат.
Спасовски рече дека заканите се од 2015 година и дека во периодот пред да биде избран за премиер, Заев побарал и обезбедување. Министерот за внатрешни работи додаде дека Заев има многу помалку обезбедување од претходниот премиер и додаде дека МВР успешно се справува со заштита на Заев.
„Службите преземаат сериозни мерки за обезбедување на премиерот, но и за сите останати функционери. МВР успешно го заштитува животот на премиерот. Директни закани во моментов нема“- рече Спасовски.
Пред неколку денови Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“ изјави дека безбедносни аналитичари го предупредиле на ризик од атентат, но кажа дека не се плаши и дека ако нешто треба да се случи сепак ќе се случи.
