Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски за Усеини: Тој се однесува неодговорно, насилнички

Спасовски за Усеини: Тој се однесува неодговорно, насилнички

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потврди дека Нефи Усеини, советникот во општина Охрид од редовите на ДУИ, се однесува насилнички и дека добил пријава по последниот инцидент кога физички нападна претседател на куќен совет.

„ Тоа е состојба на човек кој се однесува крајно неодговорно, насилнички. Тој е повикан во полициска станица, земени се изјави, а се земаат изјави и од други сведоци очевидци на целиот настан и сите елементи што ќе бидат исполнети за кривично дело ќе бидат доставени до Јавното обвинителство“, рече Спасовски денеска по посетата на полициската станица Карпош.

Бизнисменот и сопственик на контроверзно изградениот објект со пица-бар во Охрид пред два дена физички го нападна Иљаз Иљази и му се заканил со убиство затоа што утврдил дека некој на диво се приклучил на водоводното снабдување.

„  Ако некогаш борбата беше во државата за слободен демократски свет и развој, сега е моментот да се бориме сите заедно чесни, одговорни правдољубиви луѓе против криминалците, арамиите и бандитите во државата. Останувам на тој став и ги повикувам сите граѓани заедно да се избориме затоа што ова е битката што не смееме да ја изгубиме“ дополни Спасовски.



Слично

Поврзани вести