Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски за собирот на ДУИ: Казнети се сите до еден што беа на таа маса

Спасовски за собирот на ДУИ: Казнети се сите до еден што беа на таа маса

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска потврди дека сите функционери на ДУИ кои го одбележаа роденденот на партискиот лидер Али Ахмети без носење заштитчни маски во Министерството за политички систем добиле прекршочен платен налог.

„Казнети се сите до еден на таа маса, До сега не може да му замерите на МВР кога се работи за казни за државни функционери. Од премиерот, заменик-премиерот и министрите, сите до сега се казнети за превиди кои треба да се санкционираат“, рече Спасовски.

Министерот за собирот на партискиот врв на ДУИ рече дека од кривично правен аспект треба да се изјасни Јавното обвинителство дали има кривична одговорност, а исто така и дека Државниот инспекторат за труд најавил вонреден надзор.

„Не е забрането одржување на средби и состаноци во државните институции, но мора да се почитуваат протоколите од Комисијата за заразни болести. Од аспект на прекршочна одговорност, на сите нив им се дадени платни налози, а највен е и вонреден инспекциски надзор од трудовиот инспекторат“, наведе Спасовски.




Слично

Поврзани вести