Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски за „Рекет“: Да се бориме против криминалот којшто ја јаде Македонија

Спасовски за „Рекет“: Да се бориме против криминалот којшто ја јаде Македонија

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска повика граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција за да можат истражните органи да преземат соодветни мерки за нејзино спречување и намалување. 

За случајот „Рекет“, Спасовски вели дека полицијата постапува според насоките добиени од Јавното обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал.

„Да пријават и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата којшто ја јаде Македонија на секој можен начин. Ни ги јаде новите работни места, ја јаде и економијата и развојот на Македонија“, рече Спасовски. 

Тој кажа дека со колегите максимално ќе се заложат за расчистување на „Рекет“. 

Порача дека еднаш засекогаш треба да се одвојат од другите оние кои работат криминално и за свои лични интереси. 

За случајот со земање рекет од бизнисмени две лица се во притвор, а од обвинителката Катица Јанева е одземен мобилниот телефон кој ќе се вештачи. 

Слично

Поврзани вести