Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА СИН НА ПРАТЕНИК: Секој кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност

СПАСОВСКИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА СИН НА ПРАТЕНИК: Секој кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност

Секој кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност, не размислувам дали некој е во роднинска врска со носители на функции, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Тој во вестите на Канал 5 даде повеќе детали за приведувањето на син на пратеник и на висок полициски службеник, за недозволена трговија со дрога и оружје.

„Интензивни активности имавме изминатиот период. Одделот за организиран криминал при МВР, заедно со Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и, секако, со основните јавни обвинителства. Двете акции се за одбележување - на подрачје на СВР Скопје и на подрачје на СВР Штип, во коишто беа разбиени неколку криминални групи кои се занимаваа со трговија на дрога и со трговија на оружје. Во Скопје беа разбиени неколку криминални групи, извршени беа претреси на 27 локации, уапсени 15 лица кои се занимавале подолго време и беа следени од МВР. Исто така, на подрачје на СВР Штип, лица од Кочани, Виница, Берово беа уапсени за трговија со дрога. Исто така, таму имаше полициски службеник кој практично соработувал со оваа група”, рече Спасовски. 

Вели дека за никого нема отстапки во сносењето одговорност.

„Пораката е јасна - секој еден кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност. За никого нема отстапки во овој дел и апсолутно не сакам да размислувам во правец дали некој е во роднинска или било каква врска со носители на функција. Секој еден треба да сноси одговорност. Затоа што не само за дрогата и оружјето, за секаков вид на криминална активност, ако не се даде енергичен одговор од државата и институциите, тоа значи губење на таа битка со криминалот и корупцијата”, вели Спасовски. 

Потсети дека на подрачје на СВР Тетово е уапсена 10 члена криминална група за трговија со луѓе, односно подведување на малолетно лице.

Министерот за приведувањето и поднесените кривични пријави за вработена во АРМ и вработен во „Водостопанство“ за примање мито, односно дали тоа значи навестување на пожестока борба против корупцијата, рече дека ако се согледаат статистичките податоци за 2022 година, ќе се забележи дека во делот на корупција е забележана за 50 oтсто зголемена откривачка дејност.

Слично

Поврзани вести