Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски за обвинувањата меѓу Муареми и Русковска: Ова предизвикува штета на граѓаните

Спасовски за обвинувањата меѓу Муареми и Русковска: Ова предизвикува штета на граѓаните

Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми штетно влијаат врз довербата во институциите, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Вака Спасовски ги искоментира тензиите меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

„Ова предизвикува штета на граѓаните заради тоа што вербата во институциите се губи и секој кој носи било каква функција, мора да носи одговорност – етичка, морална…. Не може да се дозволи да се растурат институции од било кого и за тоа треба цврсто да застане секој заради тоа што ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем. Така што мора да се размислиме зошто институциите, обвинителство, судство имаат осум отсто доверба“, изјави вечерва Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Муареми најави дека ќе поднесе кривични притив Русковска, обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Тој обвини дека постапувале неетички и повика ако има докази, Русковска да ги обелодени. 

Русковска се обрати до ЕУ, амбасадата на САД, до европската обвинителка Лаура Ковеси, затоа што смета дека ова е притисок. Но, оттаму кажаа дека следат што се случува и велат дека надлежните органи треба да го расчистат настанот. 

Слично

Поврзани вести