Спасовски: За безбеден Балкан мора да се решат отворените прашања
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на Софија како дел од конференцијата на министрите за внатрешни работи од регионот истакна дека земјите од Западен Балкан имаат заеднички точки при прашањата за националната безбедност.
- Ако сакаме безбеден Балкан, треба да ги решиме отворените прашања. Република Македонија и Бугарија покажаа како можат да се решат разликите преку дијалог и без помош од надвор, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.
- Сите држави од регионот се соочуваат со проблеми во однос на нивната национална безбедност. Добро е што сите земји имаат заеднички точки кои што ги обединуваат, а не ги разделуваат, како што беше во минатото. Премиерите на Македонија и на Бугарија покажаа како можат да се решат разликите преку дијалог, изјави Спасовски.
На прашањето дали очекува Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, Спасовски вели: „Да, апсолутно тоа го очекуваме затоа што работиме многу и граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат”.
Тој оцени дека Македонија ги спроведе неопходните реформи.
