Спасовски: Во програмата на новата власт нема нови, туку проекти што треба да се довршат
Оливер Спасовски, координаторото на пратеничката група на СДСМ, на почетокот од денешната седница за изгласување на новата Влада предводена од мандатарот Христијан Мицкоски, рече дека во заедничката програма на новата владеачка коалиција нема нови пшроекти, туку довршување на веќе започнати.
Поранешниот министер за внатрешни работи рече дека во документот нема рокови до кога ќе се реализираат проектите, ниту пак, како што рече., финансиска конструкција за тоа колку пари ќе се потрошат и како ќе се обезбедат.
„Имногу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувањња, се нешто што постојат и функционираат во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто
Сте напишале видео-надзор на граничните премини, а тој систем постои 30 години и тоа не еден, туку два - на Царинска управа и на МВР
Иако се најавуваше изградбата на инфраструктура - освен доградба на проектите како Кичево - Охрид и Бехтел и Енка, кој ви беше коруптивен, сега со задоволство е ставен во програмата
Таквиот пристап е чесен, ако веќе нема план“, се обрати Спасовски.
За предлог министрите и вицепремиер додаде дека „кадрите се продолжение на владеењето од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во која има такви и од она во 90-тите“.
