Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Во иднина Македонија нема да гради нови центри за бегалците

Спасовски: Во иднина Македонија нема да гради нови центри за бегалците

Прифатните центри во Гевгелија и Табановце се доволни и дека во иднина Македонија нема да гради нови центри за бегалците, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Тој додава дека Македонија е подготвена за справување со бегалска криза. Состојбата во тој правец се следи, рече Спасовски. 

,,Ние имаме два кампа кои што се транзитни. Овој во Гевгелија и во Табановце се сосема доволно за Република Македонија бидејќи ставот на Владата е дека овие центри се транзитни. Доколку добие кризата на интензитет ние треба да бидеме подготвени да ги прифатиме тие луѓе хумано како што го правевме тоа  до сега и понатаму да ги транспортираме во другите држави од Западно - балканската рута. Така ние сме сосема доволно опремени во овој момент и нема апсолутно причина ниту за градба на кампови, ниту за поинакво постапување од она што досега сме го направиле“ - вели Спасовски. 

Тој заедно со амбасадорот на Словачка, Мартин Безак вчера го посети транзитниот центар Винојуг кај Гевгелија по повод новата ротација на полицискиот контингент од Словачка.

Слично

Поврзани вести