Спасовски: Влегуваме во една многу сериозна фаза
Одговорноста кај граѓаните не беше на висината на задачата, вели премиерот Оливер Спасовски.
Вели дека поттикнати од ваквата состојба донесоа нови построги мерки.
Спасовски очекува дека целосната забрана за време на викендите ќе придонесе да се намали бројот на луѓе на јавните површини.
За сите прекршувања, ќе реагираат надлежните институции.
„Апелирам сите да ги почитуваат мерките, влегуваме во една многу сериозна фаза“, изјави Спасовски.
Во Македонија има 570 заразени со Ковид 19. Тројца починаа од опасниот вирус.
Во Кочани 100 луѓе се во самоизолација.
До 10 години има заразени 18 деца.
Слично
