Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски вети поддршка за мали и средни претпријатија и бизнис идеи

Спасовски вети поддршка за мали и средни претпријатија и бизнис идеи

Носителот на листата на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници денеска во Куманово презентираа мерки за развој на малите и средни претпријатија.

Спасовски вети државна помош вредна 140 милиони евра за малите и  средните претпријатија, наместо пропаднати проекти. Најдобрите бизнис идеи  ќе бидат поддржани со 10.000 евра неповратни средства. Ќе има и мерка со која се овозможува отворање на фирма со основачки капитал од само едно евро. 

„СДСМ преку „Планот за живот во Македонија“ нуди вистинска и суштинска помош за малите и средни претпријатија. Домашните претпријатија се моторот на целокупната економија и затоа се обврзуваме на државна помош во висина од 140 милиони евра наменети за малите и средни претпријатија“ - вели Спасовски.

Најави и отворање на старт-ап центри каде што новите фирми ќе користат бесплатен простор, правни и сметководствени услуги. Спасовски вели дека ќе ги преполоват казните и ќе ги вратат опомените. Вели дека веќе  нема да има казни заради реваншизам и неподобност. 

Носителот на листа објасни дека домашните компании се двигателот на економскиот раст. 

Спасовски констатираше дека 10 години се уништува економијата и секој сегмент во земјата. 



Слично

Поврзани вести