Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски верува дека пожарот бил подметнат заради конвенцијата на Пендаровски

Спасовски верува дека пожарот бил подметнат заради конвенцијата на Пендаровски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска за прв пат експлицитно изјави дека депонијата на Вардар можеби е намерно запалено во средата заради изборната конвенција на владиниот кандидат за претседател Борис Трајковски која се одржуваше во непосредна близина, односно во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Конкретно сметаме дека она што се случи кај салата „Борис Трајковски“, тоа е подметнат пожар, сметајќи дека тука ќе се одржува конвенција на една од политичките партии. Сериозно работиме на детектирање и сите информации кои ги добиваме, одат во тој правец дека е можно да има политичка вмешаност, изјави Спасовски денеска.,

Информира дека досега МВР има поднесено девет кривични пријави за подметнувачи на пожари во државата. Ова Спасовски го кажа на почетокот од своето излагање во рамки на дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар.

И вчера Спасовски истакна дека можеби зачестените пожари во Македонија, односно некои од нив, се потпалуваат од политички причини, но не го спомена настанот во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во март се регистрирани 128 пожари на територијата на целата држава, што е најголем број на шумски пожари во тек на еден месец со години наназад.

Дивата депонија на кејот на реката Вардар кај салата „Борис Трајковски“ на 2 киломери од центарот на градот постои 50 години.


Слично

Поврзани вести