Спасовски вели дека врз основа на шпекулации се прошири вест дека синот на Буши не застанал на полиција
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека беше креирана вест врз основа на шпекулации дека синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши не застанал на полициски службеници.
Имало јавување од граѓанин дека одредено возило се движи со поголема брзина. Тој материјал е евидентиран, вели дека разговорот е снимен. Но, вели не станува збор за службено возило.
„Воопшто возилото не е стопирано од полиција, не е точно дека не застанал на полициска патрола“, рече Спасовски.
Кажа дека возилото не е на физичко лице, туку се води на правен субјект. Додаде дека станува збор за возило Мерцедес. Министерот кажа дека не се работело за синот на Буши. Спасовски рече дека никој не е над законот во државата.
