Спасовски тврди дека УБК нема да презема активности против било која земја
Македонската Служба за безбедност и контраразузнавање (УБК) нема да презема никакви активности насочени против која и да било земја или амбасада во земјата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во одговор на новинарско прашање поврзано со неодамнешното повлекување на српски дипломати од мисијата во Скопје, Спасовски вели дека не се извршени апсолутно никакви активности кои можат да го компромитираат работењето на УБК или на Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настаните од 27-ти април и немирите во македонскиот парламент, познати како "крвавиот четврток", и сомнежите за учество на вработените на МВР, Спасовски изјави дека се води истрага и се очекува од обвинителството да покрене обвиненија против луѓето кои ги извршиле нападите.
"Во тек се внатрешни и дисциплински постапки против голем број на вработени на МВР и УБК и е од исклучителна важност и прв приоритет за нас, за да се справиме со ситуацијата", рече Спасовски.
