Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СПАСОВСКИ ТРЕБА КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА, НОСИМЕ ЗАКОНИ НА ОСНОВА НА ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА“: Апасиев за продолжувањето на важноста на возачките

„СПАСОВСКИ ТРЕБА КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА, НОСИМЕ ЗАКОНИ НА ОСНОВА НА ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА“: Апасиев за продолжувањето на важноста на возачките

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев  истакна дека законот за продолжување на рокот за важноста на документите со Република Македонија е изнуден.

„Тука станува збор за еден изнуден закон којшто реалноста ни го изнуди, но за којшто сметам дека не го дава она што го сакаме како конечно решение - бидејќи ниту власта, ниту најголемата опозициска партија не изнедрија системско решение за овој проблем. Имено, продолжувањето на рокот од февруари до декември не го решава прашањето. Впрочем, слушајте ми го зборот, во декември и ваков закон ќе треба да носиме повторно, затоа што нема да го решите проблемот.

Решение на овој проблем е бришење на членот 5 од Законот за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно за возачките дозволи.

Ние носиме некои измени на закони и подзаконски акти врз основа на непостоечки закони, врз основа на тоалетна хартија." рече тој на собраниската говорница.


Слично

Поврзани вести