Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Точно е дека понудив оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ

Спасовски: Точно е дека понудив оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Тема на денот “ на ТВ Сител рече дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но дека тоа немало врска со резултатот од локалните избори.

- Има вистина дека сум понудил оставка во моментот кога требаше да се поднесе резолуцијата до Собранието за Бугарија, рече Спасовски.

Тој призна дека е точно дека барал да биде сменет од функцијата координатор на СДСМ но тоа било за предлогот на СДСМ за стратегија на црвени линии во спорот со Бугарија со усвојување на истата во парламентот.

Тој бил против таков чекор од партијата. И вечерва повтори дека СДСМ на овие локално избори доживеала дно затоа што сакал да ја зборуваат вистината за да навистина извлечат поуки.

- На СДСМ и требаат и старите искусни кадри и задача на претседателот Филипче е да се обиде да ги убеди да се вратат, да се активираат заеднички да се подготват во идните политички битки со ВМРО ДПМНЕ.

Секако мислам на оние што се пасивизираа не за оние што отидоа во ВМРО ДПМНЕ и им помагаат нив, додаде актуелниот пратеник.

Слично

Поврзани вести