Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Тетовчанката која мамела е јасна порака дека секој ќе биде санкциониран

Спасовски: Тетовчанката која мамела е јасна порака дека секој ќе биде санкциониран

Одговарајќи на новинарско прашање за кривичната пријава што денеска ја поднесе СВР Тетово против лице од Тетово кое измамило граѓани нудејќи им работа за пари, повикувајќи се на контакти токму со министерот Спасовски, притоа стекнувајќи се со имотна корист од вкупно 1980 евра, 100 американски долари и 37.000 денари, министерот Спасовски рече дека ова треба да биде јасна порака дека било каков облик на криминал ќе биде веднаш санкциониран.  

„Ефикасно го решивме овој случај и ова е порака дека борбата против кримналот и корупцијата не е само декларативна туку ефикасна. Ги повикувам граѓаните доколку било кој се претставува во било чие име од државните функционери или доколку тоа го прави и некој носител на било каква функција, веднаш да пријават и да соработуваат со македонската полиција.Овој случај во Тетово треба да биде порака и до сите граѓани, меѓутоа и порака до сите функционери дека МВР нема да толерира никаков криминал“, рече Спасовски.

Имено, денеска беше продолжен премена полиција- безбедни граѓани во Јегуновце

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на комплетно опремените простории на новиот објект на Полициското одделение Јегуновце рече дека оваа зграда е изградена во 2015 година, меѓутоа не била опремена.

-Ние направивме напори да ја опремиме целосно и токму затоа денеска ја правиме оваа промоција. Најважно од се е да имаме опремена полиција односно задоволни полицајци, за да имаме и безбедни граѓани и безбедна држава. Тоа е наш приоритет кој ќе го остваруваме во текот на целата 2018 година. Сите наши сили ќе ги насочиме кон реконструкција на постојните или градба на нови објекти, купување на опрема и подобрување на условите за работа на македонските полицајци- рече министерот Спасовски.

Објектот во Јегуновце е изграден и опремен со средства на МВР со вкупна вредност од 20.629.000 денари, а вкупната површина на објектот е 442 метри квадратни.

Во буџетот на МВР за 2018 година одвоени се 30 милиони денари со кои ќе бидат уредени и реконструрани полициските станици во државата, со цел да се обезбедат максимални услови за работа на полициските службеници.

Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на општина Јегуновце Дарко Блажески, на која се разговараше и за соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа. 

Слично

Поврзани вести