Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Супер купот помина во најдобар ред без поголеми инциденти или нарушувања на јавниот ред

Спасовски: Супер купот помина во најдобар ред без поголеми инциденти или нарушувања на јавниот ред

Според информациите на МВР вчерашниот натпревар од Супер купот на УЕФА во Скопје како и деновите кои му претходеа поминаа во најдобар можен ред без никакви посериозни инциденти.

- Им честитам на припадниците на министерството за внатрешни работи кои беа дел од организацијата на вчерашниот фудбалски натпревар кој се одигра во Скопје. Следејќи ги стандардните процедури за организација на настани, беше формиран оперативен штаб со кој раководеше директорот на Бирото за јавна безбедност, а во него учестуваа помошниците директори и началници од Бирото за јавна безбедност, од Управата за безбедност и контраразузнавање и Одделите во рамки на министерството. По оценка на штабот, а врз основа на претходно направени планови беа превземени мерки и активности за одржување на стабилна безбедносна состојба, јавен ред и мир, како и да се гарантира безбедноста на учесниците на натпреварот, преставниците на УЕФА, навивачите и граѓаните. Оценката која утрово ја добив од штабот е дека деновите пред одржувањето на натпреварот и денот на натпреварот безбедноста на граѓаните и сите учесници не била загорзена и не се регистрирани сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, рече министерот Спасов на денешната прес конференција. 

Приведени се 14 лица од кои 6 странски државјани и 8 македонски државјани. Еден странски државјанин е повикан да даде исказ пред јавен обвинител бидејќи бил купувач на билет во случај на препоражба на билети. 

 Регистрирани се следниве случаи: 

• три случаи на препродавање на билети за Суперкупот од страна на тројца странски државјани (двајца англиски и еден српски државјанин) и двајца македонски државјани, за кои во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело ,,недозволена трговија,, став два од Кривичниот Законик;

 • продажба на шалови со натписи на наведените екипи од страна на двајца македонски државајни против на кои им е издаден записник за прекршок по Законот за трговија ; • спречување на службено лице во вршење службено дејствие од вработен во Агенција за разузнавање; 

• извршена тешка кражба на дрзок начин над британски државјанин од страна на непознат таксист, при што му се одземени 400 евра и златен ланец – се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.


Слично

Поврзани вести