Спасовски спомна две земји од каде стигнуваат мејловите со дојави за бомби
Истрагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за дојавите за бомби во скопските училишта. Тој за тв 24 зборуваше на оваа тема.
„Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам“, рече Спасовски.
Со денови има дојави за бомби во Скопје.
Слично
