СПАСОВСКИ СО ВИДЕО ЧЕСТИТКА: Да работиме уште понапорно за обезбедување на мир, стабилност и благосостојба
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со видео честитка до граѓаните.
„ Почитувани сограѓани,
На прагот на Новата 2024 година, ви се обраќам со срце полно надеж за заеднички просперитет, безбедност, сигурна иднина за сите - за нашата држава, Европа и светот.
Во текот на изминатата година, посведочивме на значителен напредок во многу области - заеднички се соочивме со бројни глобални предизвици, и заедно постигнавме значајни успеси.
Во 2024 година, на прагот на новите надежи и цели, силно посакувам нашата заедничка цел да биде зајакнување на нашето единство за да работиме уште понапорно за обезбедување на мир, стабилност и благосостојба за сите граѓани. Нашата посветеност кон сигурноста и правичноста, борбата против криминалот и корупцијата, унапредувањето на транспарентноста и човековите права, да биде уште поизразена за секој граѓанин да се чувствува вреден и заштитен. И, најважно од сѐ, да бидеме посветени во воведувањето на европските вредности во македонското општество. Бидејќи, само така можеме со сигурен чекор да влеземе во нова, поубава, посреќна и просперитетна година, со заедничка визија и решителност кон нашата цел - интеграција во Европската Унија.
Нека 2024 биде исполнета со здравје и среќа, нека биде година во која ќе ги оствариме нашите најсмели соништа и цели.
Со најискрени желби за мир, љубов и хармонија, ви посакувам среќна Нова година“ порача тој.
Слично
