Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Со одлука на Влада не може да се продолжи траењето на пасошите

Спасовски: Со одлука на Влада не може да се продолжи траењето на пасошите

Владата разгледува две опции надминување на кризата со пасошите - или фирмата „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасците за пасоши или да се продолжи важноста, за што пречка е текстот на Законот за патни исправи кој ја утврдува важноста на патните исправи. 

„Имаме две можни решенија. Првото е во разговор со фирмата којашто е добавувач да го направи тоа што е можно побрзо и на начин на кој ќе може да придонесе целата оваа работа да се преброди во целиот овој период. Тоа мора да биде заедно проследено и со менаџирање на состојбите внатре за да може тоа да биде распоредено. Втората работа, воопшто не е проблем, свикување седница на Влада, ние имавме седница и разговаравме. Проблемот е што Законот за патни исправи утврдува колку е важноста на патните исправи и секоја одлука на Владата не може да го промени законскиот текст и тука е клучната анализа која ние ја правиме. Инаку, направени се консултации со клучните партнери и од овој процес јас очекувам дека ќе се изнајде некое решение кое ќе помогне во целата оваа ситуација, меѓутоа менаџментот е број еден во целиот овој процес“, вели Спасовски. 

Слично

Поврзани вести