Спасовски со демант: Цела јавност знае дека власта од сите ешалони била инволвирана во „Пулс“
Поранешниот министер за внатрешни работи остро демантира дека влијаел на работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, по тврдењата на свиркач за „Плусинфо“ дека обвинет остварил директна комуникација со него.
Денес пак ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција прашуваше дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал „да се р'же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс“.
- Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација.
Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.
Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.
Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани, се огласи Спасовски на социјалните мрежи.
Слично
