Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите

Спасовски: Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите

Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите од кои произлезе повисокиот број новозаразени, а повиците за разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема да донесе ништо добро, вели премиерот Оливер Спасовски. 

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ започна да бара разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема никаква основа, ниту рационалност и нема да донесе ништо добро“, ја оцени оваа иницијатива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.

Премиерот Спасовски истакна дека Комисијата за заразни болести е составена од врвни професионалци, стручни луѓе кои ги согледуваат на научна основа сите состојби и предлагаат протоколи или други мерки, врз основа на кои Владата донесува  политики во интерес на ефикасно справување со пандемијата од КОВИД-19.

Слично

Поврзани вести