Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Секој напад ќе биде најстрого санкциониран

Спасовски: Секој напад ќе биде најстрого санкциониран

Апелирам до сите граѓани, секој напад на протестот вечер ќе биде најстрого санкциониран, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Тој апелира до граѓаните кои ќе бидат дел од вечерашниот протест против францускиот предлог, правото да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти. Кажа дека сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност.

„Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни. Протестот е демократско право и може да организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Синоќа на протестот беа повредени 47 полицајци. Вечерва во 19 часот повторно ќе има протест против францускиот предлог. 

Слично

Поврзани вести