Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Секој може да снима со мобилен телефон

Спасовски: Секој може да снима со мобилен телефон

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека последните снимки кои како прислушкувани одекнуваат во јавноста се прават непосредно со мобилен телефон кој е вклучен на снимање до тој што зборува.

Кога станува збор за таквиот легалитет, Спасовски вели дека тоа кој кого прислушува, дали некој некого снима, е работа која треба да биде прекината.

- Денеска секој секого може да снима со овие телефони, секој може да го вклучи телефонот и да влезе на состанок, колегите вообичаено не се сомневаат дека некој ги снима, рече министерот..

Спасовски истакна дека оваа година има намалување на криминалот во споредба со 2018 година, а бројните настани со насилство и криминални активностои наведе дека се должат на, како што вели тој, големата транспарентност на безбедносните органи.


Слично

Поврзани вести