Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Сејф-сити е скап проект, ќе биде прилагоден на македонските прилики

Спасовски: Сејф-сити е скап проект, ќе биде прилагоден на македонските прилики

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска пред медиумите рече дека системот „сејф-сити“ за тековно снимање заради јавна безбедност и безбедност во сообраќајот е скап проект и дека се уште се прави финансиската конструкција за негово спроведување.

- За системот сејф-сити ја правиме финансиската конструкција, по штп ќе го започнеме процесот во однос на реализацијата на овој проект. 

Актуелниот систем порано се користел од Управата за безбедност и контраразузнавање. Постоечкиот не е систем кој може да контролира сообраќај. Нашата идеја е покрај јавната безбедност, да се направи и безбедност на сообраќајот. Може да се оди и со јавно-приватно партнерство или вложување во нова компанија, или која било варијата што ќе биде најдобра за министерството и државата, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Министерот додаде дека „сејф-сити“ системот нема да се копира од другите земји, туку ќе се креира посебен за македонските прилики. Тој алудираше дека македонскиот ќе биде таков што нема да навлегува премногу во „интимниот простор“ на граѓаните.

- Колегите од Бирото за јавна безбедност заедно со оделот за правни работи разгледуваат низа решенија од Европа и не е добро да ги копираме туку да ги прилагодиме на реалните случувања во државата. Не сум сигурен колку таа е остварлива опција, бидејќи нарушувањето на човековите права и демократски слободи се на повисоко ниво. Но подготвени сме да соработуваме за секоја идеја која ќе го пдообри животот на граѓаните, додаде Спасовски.
Заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Ерик Мејер, на истиот настан додаде дека македонската сообраќајна полиција ќе добие уште 593 боди-камери во донација од над милион денари




Слично

Поврзани вести