Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Сега е време да покажеме дека сме организирано општество

Спасовски: Сега е време да покажеме дека сме организирано општество

Сега е време да покажеме дека сме организирано општество, изјави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски. 

Вели дека сите граѓани мора да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. 

Спасовски рече дека кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 дена, а потоа ќе се знае дали ќе има продолжување. 

„Ќе бидеме тука, ќе бидеме отворени, и да решиме што е во интерес за граѓаните“, вели премиерот. 

Рече дека на дневна основа се носат одлуки, но можно е и генерално да се забрани влез, иако како што додаде македонските граѓани не можат да останат надвор од државата. 

Спасовски повика на солидарност и висока свест. 

Слично

Поврзани вести