Спасовски се врати на работа: Лекарите на инфективна се во борба за спасување животи
Министреот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денска се вратил на работа во канцеларијата во Министерството. Тој беше позитивен на коронавирусот, а поради некои компликации беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Спасовски за борбата со болеста вели дека е едно големо искуство.
„Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал - искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка - чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме, напиша Спасовски на фејсбук.
