Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски се сретна со Дујовски - Кадрите од Факулетот за безбедност да му помогнат на МВР

Спасовски се сретна со Дујовски - Кадрите од Факулетот за безбедност да му помогнат на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на Факултетот за безбедност, предводена од деканот Никола Дујовски, при што биле договорени формите на соработка во наредниот период меѓу Министерството и образовната институција. Ова е особено важно за дипломците од високата образовна институција бидејќи во минатото голем дел од нив не добиваа шанса да се вработат во МВР за што се школувани и стручни.

– Министерот Спасовски рече дека од Факултетот за безбедност очекува квалитетни предлози што ќе помогнат во реформите, кои му се неопходни на Министерството за внатрешни работи, затоа што оваа институција мора да се департизира и декриминализира и да стане вистински сервис на граѓаните. За таа цел ќе бидат формирани работни групи со претставници од двете институции, кои со своите предлози ќе придонесат во процесот на реформирањето на МВР, се наведува во соопштението на МВР.

Деканот Дујовски, пак, рекол дека е многу значајно отварањето на Министерството за внатрешни работи и подготвеноста за соработка со кадрите од Факултетот за безбедност. Тој, како што се наведува, потенцирал дека стручните кадри од Факултетот за безбедност со задоволство ќе помогнат со својата стручност во областите за кои од нив ќе биде побарана соработка од страна на МВР.

Слично

Поврзани вести