Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски се поздрави со колегите на последниот ден како министер

Спасовски се поздрави со колегите на последниот ден како министер

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го одржа последниот колегиум за овој мандат во министерството и им се заблагодари на колегите за соработката.

„Вашата поддршка и соработка се крајно ценети и клучни за успешното функционирање на нашето Министерство и гарантирање на безбедноста на сите граѓани. Секоја успешно реализирана акција, секој решен предизвик и секој напор за подобрување на условите и процесите во Министерството за внатрешни работи се директен резултат на вашата ангажираност и посветеност“, порача Спасовски.
Во недела се очекува да биде изгласана техничката преодна влада на 100 дена пред парламентарните избори, аСпасовски ќе биде заменет од адвокатот Панче Тошковски, предлог на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести