Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ СЕ ПОЖАЛИ: Ние апсиме другите институции ослободуваат

СПАСОВСКИ СЕ ПОЖАЛИ: Ние апсиме другите институции ослободуваат

Ние апсиме другите институции ослободуваат, вели министерот за внатрешни работи, Оливер  Спасовски. 

Тој  се пожали на одредени иинституции, судството и обвинителството кои според него често пати знаат да ослободат одредени лица, кои полицијата ги уапсила.

Вели дека проблемот не е во институциите, туку во одредени поединци кои носат такви одлуки најчесто поради лични интереси.

„Важно е сите институции на државата да имаат на ум дека реализацијата на оваа политичка волја за борба против организиран криминал е заедничка и дека сите заедно мораме да се справиме со луѓето коишто не сакаат да ги исполнуваат своите професионални обврски луѓето кои сметаат дека е поважен личниот бизнис интерес и партиски интерес отколку интересот на државата. Институциите што побрзо да се ослободат од ваквите личности, а професионалците да работат на ефикасно ниво против организираниот криминал“, вели Спасовски.

Тој рече дека МВР ќе направи ветинг, но апелира и другите институции да го спроведат овој процес.

Слично

Поврзани вести