СПАСОВСКИ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: Горд на работата на полиција сподели колку дрога заплениле во првото полугодие од годината
Министеротза внатрешни работи Оливер Спасовски, на официјалниот фејсбук профил сподели информации за тоа колку дрога запленила полицијата во првото полугодие од годината.
„ Борба против недозволена трговија со дрога - резултати прво полугодие 2023:
Откриени се 372 кривични дела, кривично пријавени 440 сторители
зголемување на заплените на кокаин, амфетамин и екстази:
286 кг марихуана
7кг амфетамин
3кг кокаин
3.532 парчиња екстази
Откриена лабораторија за производство на амфетамин,
пресечени 3 транспорти на марихуана, сузбиени 5 криминални групи
Меѓународна акција во Грција - запленети 104,6 кг кокаин“, напиша тој.
Слично
