СПАСОВСКИ СЕ ОГРАДИ ОД ДРИН АХМЕТИ: Понатаму Јавно Обвинителство ќе оцени како ќе постапува
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети исто така од Зајас денеска изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.
- За конкретниот случај ние ги преземавме сите потребни активности од полициски аспект. Одземени се сите предмети кои беа најдени и е доставен поднесокот до Јавното обвинителство, кое ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува во однос на целиот овој случај - рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање каков поднесок ќе има и за што ќе се товари Дрин Ахмети.
Спасовски нагласи дека поднеле известување до Јавното обвинителство во однос на нивните сомненија.
- Треба да се земат предвид сите овие факти и докази кои се и на основа на тоа ќе ги донесе одлуките Јавното обвинителство - посочи министерот за внатрешни работи.
Спасовски по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ нагласи дека кампањата што ја спроведувале заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија навистина дала резултати.
- Оваа година нема ниту едно лице кое е повредено од пиротехнички средства, исто како и минатата година - изјави Спасовски, додавајќи дека во 2023 година македонската полиција заплени повеќе од 100.000 парчиња на пиротехника.
За потсетување, внукот на Али Ахмети, Дирн, кој од неодамна стана сопственик на трговскиот центар „Соравија“, на само 25 години, пред Нова Година беше уапсен на ул.„Самуилова“ во Скопје во неговото патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства.
Апсењето на младиот Ахмети предизвика бурни ракции во јавнсота, која дури и направи многу иронични забелешки насочени кон работата на полицијата.Меѓу коментарите, се извојува написот на опозицискиот пратеник, Антонио Милошевски кој во објава на Фејсбук, ја потсети јавнсота на ситуацијата во која млада полициска службеничка „се удри самата од пајак возилото“ откако му напиша казна за непрописно паркирање на функционерот на ДУИ Беќир Асани и повика пајак служба да го подигне неговото возило.
- Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се "удри во пајакот", тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени“, напиша тој на фејсбук - напиша Милошевски на Фејсбук.
