Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Само незначителен број неправилности

Спасовски: Само незначителен број неправилности

„Имавме изборен ден со незначителен број на неправилности и без нарушување на јавниот ред и мир“, рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој им честита на граѓаните за изборите и рече дека денот бил мирен и оминал во фер атмосфера како што доликува на една демократска и слободна земја. 

Спасовски соопшти дека биле регистрирани три случаи на фотографирање на гласачкото ливче во село Другово, кичевско, во основно училиште Кузман Јосифовски Питу во Скопје и Неготино.

Во Неготино едно лице на параванот напишал бројка.

Пријавени биле и четири случаи на наводно агитирање и при преземените мерки утврдено е дека пријавите се неосновани.

Исто така имало и две пријави за организирано носење на гласачи, при што за избирачкото место во Битола е утврдено дека пријавата е неоснована, додека за избирачкото место во Кочани се превземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести