Спасовски: Премиерот е во право, сите се согласивме со неговата одлука
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека премиерот Зоран Заев е во право што ги ослободил од обврските сите потпретседатели на владеачката СДСМ, како и генералниот секретар и други функционери. Според Спасовски, кој и самиот е меѓу разрешените, вели дека никој не се противел на одлуката, но не одговори дали повторно ќе конкурира за реизбор на истата функција.
-Тоа е одлука на претседателот на партијата кој ги предлага функционерите, но тоа воопшто не е важно. Важно е дека сите ние се согласивме дека мораме да ги промениме, да ги подобриме, да ја заајакнеме структурата на партијата. Знаете ова ретко го прави партија која што е на власт и која што ги добила изборите. Ние веднаш по добивањето на претседателските избори пристапивме кон анализа и кон подготовка за победа на следните парламентарени избори, изјави денеска Спасовски по синоќешната т.н. „чистка“ на Бихаќка.
Додаде дека самиот Заев како премиер ќе носи исклучиво индивидуална одлука кои министри ќе бидат разрешени и дека очекува во наредните денови шефот на Владата да излезе со конкретен предлог.
