Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави

Спасовски: Преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави

Првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби.

Тој вели дека ова е дел од таа хибридна војна што се води.

„Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настан“, рече Спасовски. 

И денеска имаше лажни дојави за бомби во училишта во Скопје. Претходните месеци, лажни дојави имаше во Скопје, Куманово, Битола, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка. 

Но, полицијата претходно откри дојавувачи и тоа малолетници од Скопје, Кавадарци, од прилепско, жена од Скопје и маж од Тетово. 

Слично

Поврзани вести