Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ: Повикавме на распит 14 лица за протестите за Монструм, ќе добијат кривични пријави, само еден малолетник е повикан со својот родител

СПАСОВСКИ: Повикавме на распит 14 лица за протестите за Монструм, ќе добијат кривични пријави, само еден малолетник е повикан со својот родител

За протестите по повод барањето на Обвинителството за најстрога казна за случајот Монструм, Министерството за внатрешни работи вчера повикало на распит 14 лица и против сите нив ќе бидат поднесени кривични пријави за оштетување на државниот имот.

Пријава има и за организаторот на протестот.

Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Сите 14 лица биле полнолетни, а освен едно од нив кое е малолетно, и било повикано на распит со својот родител.

Тие се идентификувани и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави бидејќи оштетувале државен имот, односно возила на МВР. 

„Ние кажуваме дека протестите се демократско правпо на сите граѓани на земјава и демократски чин да се изрази незадоволството од одредени случувања во општетството. Ние никогаш не сакаме да биде нарушено демократското право на граѓаните. Точно е дека е поднесена пријава и кон организаторот на протестот, заради непочитување на прописите од Законот за протест, како и за непочитување на протоколите од Законот за заштита на здравјето на граѓаните. Исто така, ќе бидат поднесени кривични пријави и за сите кои ги општетувале возилата на МВР. Вчера се повикани на распит 14 лица, кои директно учествувале во овие насилства“, нагласи Спасовски.

Новинарите се интересираа дали вчера, како што прашаа, е точно дека биле повикувани на раџзговор деца, на што Спасовски одговори дека ќе сносат одговорност сите што се обидувале да го оштетуваат државниот имот.

„Сите кои се обидуваа да го оштетат државниот имот, како и имотот на институциите, но и приватен имот, а како што знаете дека имаше и оштетени возила на МВР, но и се вршеле напади на службени лица, ќе заработат кривични пријави. Вчера се идентификувани и повикани на разговор 14 лица, од кои сите биле полнолетни, а само едно малолетбно лице е повикано на распит со својот риодител. Секој што прави кривично дело, независно од која националност е или колку години има, доколку е полнолетен, ќе сноси одговорност“, рече Спасовски. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести