Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски потврди дека МВР го чува возачот од автобуската несреќа

Спасовски потврди дека МВР го чува возачот од автобуската несреќа

Возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 15 патници, е под мерки на заштита од страна на полицијата, потврди Оливер Спасовскли, министерот за внатрешни работи.

Тој наведе дека ваквата заштита за вработениот на „Дурмо турс“ е неопходна затоа што возачот се уште добива закани по неговиот живот. Спасовски верува дека заканите ќе стивнат кога Јавното обвинителство ќе ја соопшти причината за една од најтрагичните сообраќајни несреќи во историјата на независна Македонија.

- Точно е дека возачот има закани по неговиот живот. Има закани и заради тоа  преземаме мерки за негова заштита бидејќи и тоа е дел од таа постапка. Важно е да ги заштитиме сите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектгот „Безбедни семејни паркинг зони“.

Во моментов Обвинителството ги анализира сите материјални докази, меѓу кои клучно треба да биде техничкото вештачење на автобусот што го врши Машинскиот факултет во Скопје.


Слично

Поврзани вести