Спасовски понудил оставка на Заев за бегството на Груевски
Во интервју за „Дојче веле“, премиерот Зоран Заев одговара на прашање дали сликата на Груевски треба да се наоѓа во редот премиери кои ниту ја напуштиле ниту ја посрамотиле Македонија.
Тој вели дека не би можело да има импликации бегството на Груевски по безбедноста на Македонија, иако како екс премиер тој има информации кои се службена и државна тајна.
Во врска со истрагата за неговото бегство, премиерот вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, веќе разговара со него на тема оставка како морален чин.
„Тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст“, вели Заев.
Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена, додава Заев.
