Министерот на првиот академски час на Факултетот за безбедност рече дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата агенција остануваат во МВР, а оние кои не го поминале ветингот одат во други институции.
„Работиме на подготовка на систематизација со цел да добијат решенија во МВР, освен за оние за коишто има утврдено безбедносен ризик кои ќе мора да го напуштат Министерството за внатрешни работи и да бидат префрлени во други институции од коишто ќе бидат прифатени“, истакна Спасовски.
