Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски откри дека во Ресен и Струмица има голема полициска акција

Спасовски откри дека во Ресен и Струмица има голема полициска акција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва соопшти дека полицијата спроведува голема полициска акција за заплена на дрога на две локации во Македонија. 

Станува збор за Струмица и Ресен. 

„Ова раководство на МВР со добра стратешка поставеност донесе солидни резултати, а државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борба против недозволена трговија со дрога“, напиша Спасовски на Твитер.

Тој на јавниот сервис зборувајќи за заплената од пред неколку дена на скопскиот аеродром рече дека акцијата е проширена. 

Слично

Поврзани вести