Спасовски откри дали Груевски заминал сам или со семејството
Првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски вечера во Само вистина на Канал 5 изјави дека екс премиерот Никола Груевски сигурно имал поддршка за да го организира своето бегство.
Додаде дека вчера сопругата на Груевски дозволила да се изврши преглед во неговиот стан, но тој не е најден таму. Денеска биле и во станот на неговата мајка, но таа е дома, а Груевски не е најден таму.
Спасовски вели дека Груевски штом не поминал на граница, сигурно искористил нелегален премин.
„Не само што е чудно, туку е и жално земја во ЕУ, да биде место кaде ќе дојде поранешен премиер, којшто е осуден за криминал“, вели Спасовски.
Спасовски рече дека закани Груевски не пријавил во полиција.
За обезбедувањето кое го има Груевски рече дека се случувало со денови да не ги бара, и тие не се 24 часа со него.
