Спасовски: Опремата ќе се обезбедува, СЈО ќе ја продолжи истрагата во УБК
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција посочи дека одржал средба со СЈО на кое му дава целосна поддршка за извршување на наредбата и дека нема никакви проблеми.
„Имавме средба со Катица Јанева и обвинителите на СЈО по забраната за присуство на нивен истражител во УБК, ја имаат мојата целосна поддршка и ги расчистивме работите. Специјалната јавна обвинителка го повлече истражителот заради најверојатно што имаат недоразбирање во начинот на договарање со Управата за безбедност и контраразузнавање. Се договоривме кога ќе се исполнат техничките услови, со доаѓањето на претставник на Ериксок да се комплетира постапката, а веќе две третини од наредбата се извршени и јавноста треба да знае дека нема никаков проблем“ изјави министерот Спасовски.

Претходно обвинителката Ленче Ристовска изјави дека добиле уверување од министерот за обезбедување на опремата дека во текот на ноќта нема да се случи ништо, нема да има никакви изнесувања на опрема од кругот на МВР, а за тоа ганрантира самиот министер.
