Спасовски: Oние што со огнено оружје „славеа“ во Чаир нема да се спасат
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вeчерва во емисијата „Само вситина“ на Канал 5 рече дека оние што со огнено оружје „славеа“ во Чаир нема да се спасат.
„Веднаш по настанот преземавме мерки за пукањето во Чаир и работиме на целосно расчистување на случајот. МВР постапува неселективно. Исто така, постапуваме и по настанот кога лице со оружје се сликало пред штабот на СДСМ во Бутел“- рече Спасовски.
Спасовски вели дека прислушувањето и настаните од 27 април придонеле да опадне довербата во полицијата. Тој рече дека ќе работат на реформи.Tој најави дека ќе укине употребата на гумени куршуми и електрични палки, и вели дека мора да ги следат европските текови.
Слично
