Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Олабавувањето на мерките ќе оди во три фази

Спасовски: Олабавувањето на мерките  ќе оди во три фази

Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека донеле пакет мерки, со што се намалуваат рестрикциите. 

„Сметаме дека ситуацијата е под контрола, не дозволивме ширење на коронавирусот кој посериозно би го загрозил здравјето на граѓаните“, вели тој. 

Спасовски изјави дека меѓу секоја фаза ќе има преглед и проценка на ситуацијата, по што ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките.

Олабавувањето ќе оди во три фази, така што ќе работат стопанските дејност, и постепено ќе се намалува забраната за движење. 

Работата ќе тече по протоколи и мерки, и третата фаза значи потполно враќање во работниот процес. 

Во првата недела, од утре ќе има посебни протоколи за дејности со помал ризик. Ќе работат авто-школите, ќе може да се организираат семинари. 

Настаните ќе се организираат со ограничен број учесници, за да има физичко растојание од 1.5 до 2 метри, а ќе мора и да се носат маски. Средствата за дезинфекција ќе бидат задолжителни. 

На конференциите ќе може да присуствуваат максимум триесет лица. 

„Да се дозволи службено патување на избрани и именувани лица, со почитување на протоколите, како и поради други итни причини“, вели Спасовски. 

Се дозволува отворање на затворените трговски центри. 

Во ходниците нема да биде дозволено групирање. 

Од утре почнуваат со работа спортските и други обложувалници кои работат преку шалтер. 

Слично

Поврзани вести