Спасовски: Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите
Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по средбата со претставници на Алијансата на Албанците.
Кажа дека разговарале за декриминализацијата и принципот на едно општество.
Спасовски рече дека разговорите се во тек и дека кога ќе финализираат, јавноста ќе биде информирана.
„Пред сè, разговаравме за иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за потребите на граѓаните, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред сè членството во НАТО и ЕУ, економскиот развој и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија“- вели Спасовски.
Работни групи на СДСМ и Алијансата за Албанците попладнево се сретнаа во Скопје, за да ги разгледуваат материјалите за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик.
Од Алијансата за Албанците изјавија дека на средбата ќе го претстават нивниот предлог-закон кој го подготвиле во соработка со правни експерти.
