Спасовски: Очекувам државата да исчекори еден чекор напред
По изборот на Талат Џафери за нов спикер во Собранието, пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски очекува конечно да профункционираат институциите и државата.
„Очекувам да профункционираат сите институции за доброто на граѓаните на Република Македонија и државата да исчекори еден чекор напред. Тоа е обврска на сите нас, и парламентарното мнозинство и парламентарната опозиција, пред граѓаните и тоа мора да се случи час поскоро“ - вели Спасовски.
Пратеникот се надева дека конечно земјата ќе тргне по вистинскиот пат.
Слично
